![]() |
![]() |
Официјалната веб страница на националната кујна на град Охрид нуди информации во врска со некои од најубавите специјалитети на Охрид што се спремаат во повеќето од нашите ресторани.Како и кратки информации за град Охрид. |
Убавите плажи,возбудливиот ноќен живот,не се единствената причина да го посетите нашиот град ,ако сте гурман тогаш ова е вистинското место за вас.Запамтете,дека исхраната не смее да биде само потреба туку и уживање.
|
"Мирис на леб кој се пече е како лесен шум на водопад,неопислив во својата невиност и радост" -M.F.K FISHER
![]() |
|
Релативно топлата клима во Македонија овозможува извонредни услови за одгледување на различни видови на зеленчук,растенија и овошја,затоа и истата е многу разновидна.Инаку македонската кујна има примено медитерански влијанија односно грчко и турско,како и во мали количини италијанско,германско и унгарско влијание. |
Како и во сите кујни така и во нашата се користат различни видови на зачини кои пак се поделени во две групи.Домашни зачини и тоа: црвен пипер,нане,киселина,кромид,лук,сол, вегета,мајчина душица,буковска пипер, рузмарин,магдонос.Туѓи зачини : Ванила,бел пипер,морско оревче,ким оригано итн.кои впрочем заземаат еден мал дел во нашата кујна. |




